Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир

Македонија и во иднина ќе поддржува слободна, независна, демократска и суверена Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и во иднина ќе поддржува слободна, независна, демократска и суверена Украина – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина.

Во обраќањето претседателката оцени дека тековната војна во Украина нè засега сите бидејќи земјата е изложена на огромно човечко страдање и уништување, безбедносната архитектура на Европа е под закана, а на глобално ниво животите на милиони луѓе се засегнати од тешките економски последици.

  • „Како суверена нација, само Украина може да одлучи за својата иднина. Од Украина зависи кога и како ќе ја ангажира Русија за евентуално усогласено решение. Праведниот мир мора да биде вкоренет во принципите на Повелбата на ОН за суверенитет и територијален интегритет. Обидот на Русија да стекне територија со сила е флагрантно кршење на овие основни начела. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, тие можат да се претворат во толерирани практики. Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот, па дури и светскиот мир и безбедноста. Единствениот начин да се избегне ова е да се почитува Повелбата на ОН и принципите на меѓународното право, без исклучок“, рече претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека воздржувањето од употреба на сила, почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, и заштитата на човековите права и основните слободи, се цврсти принципи за кои не може да се преговара.

Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем рече пред почетокот на сесијата претседателката Сиљановска Давкова.

Реклама
  • „Уште еден доказ дека она што се случува, односно војната, нè засега сите и дека сите треба да помогнеме за да се најде соломонско решение, тоа значи, праведно решение за Украина, решение што ќе гарантира постојан мир, јас велам Кантов вечен мир. Еднаш мислам дека е крајно време, наместо да велиме никогаш повеќе и повторно да се соочуваме со војна, да се потсетиме на ноторниот факт дека Европската заедница настана како мировен проект и дека Европската Унија, но и сите држави во светот, имаат обврска да го чуваат мирот“, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова на Самитот остварила куси но многу значајни средби со потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, но и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

На средбата со Харис, претседателката се заблагодарила за континуираната поддршка на САД како наш стратешки партнер и нагласила дека очекува натамошно зајакнување на билатералните односи помеѓу Вашингтон и Скопје.

Инаку, дводневниот состанок за мир во Украина во швајцарското одморалиште Бургеншток на езерото Луцерн се организира по иницијатива на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Делегации нема од Русија и Кина, која доби покана но не испрати свој претставник.