Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Сиљановска-Давкова во Братислава: Глаголицата е ода на светлината што ги поврзува народите

Глаголицата како живо културно наследство што обединува и создава современи уметнички вредности е во фокусот на изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за св. Кирил и Методиј“, што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети во Националниот центар за култура и образование во Братислава потенцирајќи ја нејзината улога во надминување на границите и зацврстување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Глаголицата како живо културно наследство што обединува и создава современи уметнички вредности е во фокусот на изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за св. Кирил и Методиј“, што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети во Националниот центар за култура и образование во Братислава потенцирајќи ја нејзината улога во надминување на границите и зацврстување на културните врски меѓу земјите.

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, под кураторство на Кирил Пенушлиски, а преку сликарство, фотографија и современи визуелни интерпретации се истражува врската меѓу историската меморија и современиот уметнички израз.

Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека изложбата носи силна симболика и пораки за поврзаноста на културното наследство и современоста.

Реклама

– Тешко е да зборувате кога сте импресионирани. Меѓутоа, мислам дека насловот доволно открива. Ако сме слушнале за „Ода на радоста“ во музиката, тогаш навистина глаголицата е ода на светлината. И јас се просветлив во овој модерен простор со мошне силни пораки. Најсилната за мене е тоа што уште еднаш ми се потврдува дека не случајно ги разбирам натписите на улиците – тие нè потсетуваат на македонскиот јазик. Всушност, се знае дека изворот е во глаголицата – изјави претседателката.

Таа нагласи дека глаголицата претставува мост што ги поврзува народите и културите бришејќи ги географските дистанции.

– Уште еднаш се покажа дека креативноста, умот и талентот се поврзани со светлината. И, да, ова во моментот е град на светлината, простор што осветлува, каде што се покажува дека далечината меѓу Скопје и Братислава исчезнува за миг бидејќи она што нè поврзува навистина е глаголицата – рече Сиљановска-Давкова.

Посочи дека изложбата отвора можност за натамошно поврзување на културните точки поврзани со делото на Кирил и Методиј.

– Во разговорот со најзаслужните за оваа прекрасна изложба, како и со амбасадорките – нашата и словачката амбасадорка во Скопје – заклучивме дека можеби следниот природен чекор е кон Рим. Можеби и таму сите овие точки би можеле да се поврзат и да создадат едно уметничко и културно соѕвездие на Кирил и Методиј – истакна претседателката додавајќи дека „се чувствува просветлено – нешто што им е многу потребно на политичарите одвреме-навреме“.

Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ја нагласи современата димензија на културното наследство.

– Ова е изложба што обединува четворица македонски уметници и покажува дека културното наследство не припаѓа само на музеите, туку дека е жива материја врз која може многу да се создава. Исклучително сум задоволен од тоа како поминавме тука, особено со соработката со македонската амбасада во Братислава и со културните институции што ни помогнаа. Се отвораат и други можности и најверојатно изложбата ќе биде претставена и на други места – изјави Пенушлиски.

Изложбата, која беше отворена на 27 мај, ќе трае до 16 јуни, со поддршка на македонската амбасада во Братислава и Министерството за култура и туризам.