Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Сиљановска Давкова: КУД “Св. Кирил и Методиј” од Крањ со години ја чува и негува македонската традиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва  го посети македонското културно друштво „Св. Кирил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва  го посети македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ. Ова друштво, вели таа, повеќе од три децении е македонско катче во Словенија, во коешто, со песна, оро, поезија и културно творештво се негуваат и чуваат македонскиот јазик, традицијата и чувството на припадност кон матицата, пренесувајќи ги на помладите генерации. 

– Низ годините, од фестивалот „Етнофолк“ и „Прешерново оро“, до литературните, ликовните и музичките настани, членовите на друштвото успеале да создадат препознатлив културен простор, што ги зближува Македонците во Словенија и ја афирмира македонската култура, нагласува македонската претседателка, која е во официјална посета на Словенија.

Таа ја посети и првата македонска библиотека во Словенија, којашто е во рамките на културното друштво.