Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани – истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова-Чамова, која го употреби терминот северномакедонски.

Таа нагласи дека нејзиниот став кон договорот од Преспа не е променет и посочи дека потписниците на документот треба први да инсистираат на негово доследно почитување во меѓународните односи.

– Не се забранува ниту, пак, може да се забрани употребата на придавката македонски. Впрочем, тоа е и дел од самиот договор. Е, сега, оние што го поддржале и што го потпишале договорот први треба да укажуваат на неговото почитување – изјави Сиљановска-Давкова.

Реклама

Осврнувајќи се на политичката клима во регионот и новата влада во Бугарија, претседателката изрази очекување за конструктивност и водење политики засновани на добра волја нагласувајќи дека регионалното разбирање е клучно за евроинтеграцискиот пат на целиот Западен Балкан.

Во однос на прашањето за општествениот ангажман на поранешните шефови на државата, Сиљановска-Давкова истакна дека нивната активност не треба да престане по завршувањето на мандатот. Таа откри дека веќе размислувала за иницијатива за нивни заеднички консултации.

– Мислам дека би било убаво да има една тркалезна маса на бивши претседатели, каде што ќе може да се советуваме за состојбите со кои се соочуваме и за решенијата за определени проблеми. Инаку, во право сте дека не треба со заминувањето од функцијата да престанат и активностите, туку да продолжат – рече претседателката.

Запрашана за неодамнешните изјави поврзани со комуникацијата помеѓу премиерот и државниот јавен обвинител, Сиљановска-Давкова одби да ги коментира нагласувајќи дека нема увид во природата на нивните телефонски разговори и дека одговорите треба да се побараат директно од инволвираните страни.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: