Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со пишувањата во медиумите за наводна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со пишувањата во медиумите за наводна шпионска афера во нејзиниот Кабинет рече дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. 

– Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за предистражна постапка, јас нема да ги заборавам зборовите на мојот професор Никола Матовски, професор по кривична постапка. Тој велеше дека во предистражна постапка малку се зборува, многу се работи, односно се собираат информации – нагласи претседателката.

Сиљановска-Давкова истакна дека никогаш не ги толкува постапките на другите органи.

Реклама

– Јас почитувам поделба на власта, но не можам да не кажам дека малку сум збунета со одговорите на новинарските прашања или со објавите што доаѓаат токму од Обвинителството за организиран криминал, во кои се објаснува нивната комуникација со Министерството за внатрешни работи. Не, не бегам од изјави. Меѓутоа, мислам дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка и во поглед на пресумцијата на невиност, но, како што реков, и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка – заклучи претседателката.

ОЈО ГОКК вчера потврди дека отворило истрага поради сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Во соопштението од таму беше наведено дека по добиено известување на 18.12.2025 година од МВР – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година, и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвориле предистражна постапка и веднаш ги презеле сите неопходни мерки и активности во согласност со своите законски надлежности.

Во рамките на постапката, се додава, до Основниот кривичен суд било доставено барање за издавање наредба за пребарување компјутерски систем со цел утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката. Истовремено, биле издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални компјутери и од лаптопи доставени до МВР од Кабинетот на претседателката.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: