Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е поголема видливост и рамноправност

И покрај значајниот и докажан придонес во развојот на македонската културно-уметничка сцена,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај значајниот и докажан придонес во развојот на македонската културно-уметничка сцена, ромските уметници сѐ уште остануваат маргинализирани, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со истакнати ромски уметници и културни дејци, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Како што соопштија од Кабинатот на претседателката, на средбата, која се одржала во духот на отворен и конструктивен дијалог, биле разменети мислења за состојбите во македонскиот културен амбиент и за местото и улогата на уметниците, вклучително и на ромските уметници во него. По изнесените ставови, било оценето дека постои изразена потреба од создавање поголеми можности за нивно присуство и видливост во уметничкиот живот.

Таа истакна дека е неопходно да се надмине нееднаквоста на шансите во културата преку уметничка, а не политичка евалуација, како и преку поголема институционална поддршка на најталентираните ромски уметници.

Реклама

-Мора да ги надминеме стереотипите и да ги афирмираме очигледните културни дострели на Ромите, нагласи претседателката.

Уметниците ги споделија своите животни и уметнички визии, искуства и успеси, посочувајќи дека дигиталните платформи и мултимедијалните форми претставуваат значајна можност за поширока уметничка презентација. Притоа беше нагласена и важноста на вмрежувањето како фактор за унапредување и стимулирање на нивната уметничка дејност.

Сиљановска-Давкова, честитајќи им го Меѓународниот ден на Ромите, повика на континуирано препознавање и поддршка на најталентираните ромски уметници, како и на младите уметници воопшто, оценувајќи ги како незаменливи творци на квалитетен културен живот.