Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Што навистина стои зад иницијативата на Венко Филипче – Ревизија на македонските позиции или дневно-политички маневар?

„Вин вин“ решението на Венко Филипче за црвените линии за „Бугарската тема“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вин вин“ решението на Венко Филипче за црвените линии за „Бугарската тема“ што помпезно го најавува повеќе од еден месец, може да ги ослабне позициите на Македонија и да стави нови сопки на евроинтеграцискиот пат.

Покрај ова, друг проблем е што за резолуцијата потребен е собраниски консезус и подрршка од сите политички партии, а СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат спротивставени ставови. Лидерот на СДСМ Филипче е спремен по секоја цена да ги направи уставните измени, додека ВМРО ДПМНЕ бара гаранции дека ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ без ниту една друга сопка.

Дел политичките аналитичари сметаат дека најбитно од се, да се заценементираат црвените линии во Собрание со потпис и согласност на сите партии, а не како СДСМ си замислува.

Реклама

Јасно како ден е дека Бугарија нема да го смени наративот, ниту политиката за Македонија и билатералниот спор, а опозицијата наместо да се става на иста линија со источниот сосед и да бара нови црвени линии, да се држи до резолуцијата за која пратениците на СДСМ гласаа во 2021. Тоа е резолуцијата што тогаш како опозиција ја поднесе ВМРО ДПМНЕ во која прецизно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. Колумнистот и политичкиот аналитичар Бранко Героски во однос на бугарското писмо на тамошниот министер за надворешни кое наликува на наративот на социјалдемократите, оценува дека лидерот на СДСМ треба да ги почитува постоечките црвени линии дефинирани уште пред 4 години, а не да бара нови.

Венко Филипче повика на политичко единство во Собранието за ова прашање иако знае дека ниту Владата ниту граѓаните се за внесување на Бугарите во Уставот, под бугарски диктат. Претходно се залагаше, да се направат уставни измени и да се отпочнат преговорите, но нема одговор што ако Македонија попушти и бадијала ги внесе Бугарите во Уставот, а се соочи со нови услови и сопки. Засега Филипче нема откриено што ќе биде неговиот предлог за решавање на спорот со Бугарија. Тој на почетокот на наредната недела најави презентација на содржината на резолуцијата.