Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Штипските училишта со помалку ученици, но со нови повратници од странство

Со околу шеесетина ученици помалку започна второто полугодие во основните и средни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со околу шеесетина ученици помалку започна второто полугодие во основните и средни училишта во Штип, но училишните клупи ги полнат и повратници од дијаспората. Најголем дел од  отпишаните ученици се од основното образование, најчесто поради заминување во странство, додека бројот на отпишани во средните е 14. Но и покрај намалувањето  позитивен показател ова полугодие е враќање на деца од странство. Во училишните клупи се вратија четворица основци и еден средношколец чии семејства живееле во Холандија, Англија и Германија, информираат од штипската локална самоуправа.

  „Некаде за педесеттина ученици се намали бројот , но имаме и пет новозапишани ученици со тоа што четири доаѓаат од странство, односно се повратници од странство. и тоа во ОУ„димитар Влахов„ имаме две дечиња од Холандаија, во училиштетот Тошо Арсов имаме ученик кој доаѓа од Англија, а ученикот во училиштето Ванчо Прќе е повратник од Германија„  изјави Снежана Санева, од штипската Локална самоуправа.

Учениците кои претходно учеле во странство пред да го продолжат своето образование во македонските училишта, се тестираат за да се утврди  нивното  знаење и да се одреди во кое одделение ќе продолжат.  За среќа, сите добро го владеат мајчиниот јазик, но  наставниот кадар им посветува дополнително внимание на овие ученици за полесно да се преадаптираат.  

Реклама

   „Законот предвидува прво проверка на знаењето на учениците кои се враќаат од другите држави. Откако ќе се утврди степенот на знаење , детето се запишува во соодветното одделение. Често се случува тие деца веќе да биле запишани во нашето образование, се иселуваат , но за година до две повторно се враќаат„ изјави Снежана Санева

Со оглед на ситуацијата со грипот, од штипската локална самоуправа истакнуваат дека внимателно ги следат бројките на заболени и апелираат учениците кои се со симптоми на грип да си останат дома.