Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Штипската Библиотека одбележува 23 години од постоењето на „библиотеката на тркала“

Националната Установа-Универзитетска Библиотека (НУ-УБ) „Гоце Делчев“-Штип денеска одбележа 23 години од постоењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната Установа-Универзитетска Библиотека (НУ-УБ) „Гоце Делчев“-Штип денеска одбележа 23 години од постоењето на Инфобусот, единствената мобилна информатичка библиотека. Директорката на НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип, Ивана Биџовска истакна дека денеска се прославува мисијата на еден проект, кој веќе над две децении ги премостува разликите и носи знаење до најдалечните населени места во општините Штип и Карбинци. 

-Инфобусот денес опслужува приближна популација од 20.000 жители, посетувајќи 14 села и пет приградски населби во општините Штип и Карбинци, вклучувајќи ги и најтешко достапните планински средини. Со околу 7.000 корисници годишно и секојдневна посета на повеќе населени места, оваа „библиотека на тркала“ е клучен фактор за едукација на мултиетничкото население и децата до чии домови патот на книгата инаку тешко би стигнал – рече Биџовска.

Таа истакна дека во фокусот на јубилејот е  визија за иднината — како во ера на вештачка интелигенција да го зачуваат интересот на младите за книгата и да ја зацврстат улогата на библиотеката како жив центар за учење. По повод одбележување на овој значаен јубилеј на „библиотеката на тркала“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип се одржа и културно-уметнички настан.