Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Штипска Апелација одлучи- Двајцата поранешни градоначалници на Кочани одат во куќен притвор

Поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илијевски и Ратко Димитровски одат во куќен…

Сподели:

Поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илијевски и Ратко Димитровски одат во куќен притвор, пресече штипска апелација. Судиите од Апелациониот суд ја отфрлија жалбата на обвинителството, екс  градоначалници да го издржуваат притворот зад решетки. На екс градоначаникот Ратко Димитровски му е прифатена жалбата за одземениот пасош, но не и жалбата за притворот. За неговиот пасош ќе одлучува Кочанскиот суд.

Градоначалникот кој си даде оставка по трагедијата, Љупчо Папазов дефинитвно останува зад решетки.

Обвинителството вложи жалба за поранешните градоначалници, но не и за  поранешната директорка на ДПИ Анета Симеска Димоскa за која исто така судот одреди куќен притвор. Бидејќи Обвинителство не вложи жалба за неа, таа е веќе дома.

Реклама

Според соопштението на Кочанскиот суд 22- ца од притворените се жалеле за притворот, а за 19 мерката е потврдена.

Од кои причини судиите одлучиле да го сменат притворот со поблага мерка за екс градоначалниците засега нема информација, а од Судот не сакаат да коментираат бидејќи решенијата не биле правосилни.

МВР продолжува со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Последно, претреси се вршеа во домот на сопственикот  Дејан Јованов, а одземени за вештачење се лап топ компјутери, повеќе мобилни телефони и документи, поврзани со бизнисот со импровизираната дискотека.

Од обвинителството, пак, информираа дека сите снимки поврзани со трагедијата од Кочани ќе бидат дел од доказниот материјал. Обезбедени се и снимки од камери коишто биле поставени внатре и околу дискотеката.

За трагедијата во Кочани под истрага се вкупно 27-на за кои обвинителството има основано сомневање за сторено кривично дело “тешки дела против општата сигурност и за примање поткуп“.

Со истрагата се опфатени и уште седум полицајци од Штип и Кочани кои според обвинителството одобриле лиценца за кабаре иако, објектот не ги исполнувал условите. Сите седуммина се во 30 дневен притвор. Оваа истрага ја води Обвинителството за организиран криминал.

Меѓу осомничените од Министерството за економија се: поранешен министер за економија, екс државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник. Осомничени од ДПИ се поранешната директорка и тројца инспектори како и двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување

Меѓу осомничените се и одговорни лица во дискотеката и членови на обезбедување. Истрагата опфати и три фирми.