Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Штипјани до крајот на летото ќе го добијат долгоочекуваниот затворен базен

По четири години неизвестност и тапкање во место со градба, до крајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По четири години неизвестност и тапкање во место со градба, до крајот на летото штипјани, конечно ќе го добијат затворениот базен кадешто децата ќе ги имат првите часови за пливање. Процесот е веќе откочен и веднаш штом ќе дозволат временските услови, ќе се стартува со градежни активности. Министерот за спорт, Борко Ристоски, најави дека во првата фаза ќе се дозавршат пет, а потоа ќе се почне со преговори  да бидат изградени  уште останатите десеттина планирани базени во Македонија.

„Тие базени беа почнати пред четири години. Успеавме да го откочиме тој проблем. Најпрвин тие пет базени ќе ги завршиме до летово, ќе ги пуштиме во употреба, а потоа за останатите десеттина ќе почнеме да преговараме за да ги завршиме и тие. Овде влегува и штипскиот и верувам дека дои крајот на летотот и тој ќе биде пуштен„ изјави министерот за спорт, Борко Ристески.

Темелите на штипскиот затворен базен, беа поставени во февруари 2020, со ветување дека наредната година ќе биде готов. Но наместо модерен спортски објект, Штип доби комплекс обраснат со трња и опколен со жица и лим. Најавите на министерот, дека конечно Штип ќе добие затворен базен, го поздравија и граѓаните.

Реклама

„Многу убаво! Дај боже да се изгради! Ако се направи базенот тоа ќе значи препородување на градот. Младите ќе има каде да спортуваат и рекреираат„ коментираат граѓаните.

Проектот изградба на 14типски базени помпезно беше најавен во 2019 и истите требаше да бидат со должина од 25метри и ширина од десет метри. Досега сите базени се изградени од 20 до 30%.

Александра Ристевска