Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Штип одбележува 81 година од ослободувањето

Со положување цвеќе пред споменикот на борците и со свечен собир на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со положување цвеќе пред споменикот на борците и со свечен собир на тврдината Исар, денеска се одбележаа 81 година од ослободувањето на Штип. Свечен говор имаше претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Кожинкова-Карагунова, потсетувајќи на историското значење на 8 ноември за Штип и неговите граѓани. Таа истакна дека Денот на ослободувањето е симбол на единство, достоинство и гордост на штипјани.

-Денес стоиме пред историјата, пред споменот на денот кога Штип ја доби својата слобода. 81 година од оној 8 ми ноември, кога храбрите борци на Народно ослободителната војна го ослободија нашиот град, оставувајќи зад себе пример на непокор, решителност и љубов кон татковината. Штипјани тогаш, како и многу пати низ вековите, покажаа дека слободата не се подарува, таа се освојува со срце, жртва и идеал. На овој свечен ден сме овде, на Исарот препознатливиот симбол на нашиот град, за да ја одбелжиме годишницата на неговото ослободување. Историјата на градот Штип памети храбри, добри и сладољубици луѓе, вели Кожинкова-Карагунова.

 Делегациите од Општина Штип, претставници на државни и локални институции, како и на политички партии и здруженија на граѓани  положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на борците, потсетувајќи дека нивното дело е темел на денешната слобода.