Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Штип ќе добие нов булевар – се решава проблемот со најкритичната сообраќајна точка во градот

Најкритичната сообраќајна точка во Штип ќе се урбанизира и модернизира. Делницата каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најкритичната сообраќајна точка во Штип ќе се урбанизира и модернизира. Делницата каде често пати се случуваат сообраќајни незгоди, а истовремено е и непријатна и грда слика ќе добие нов лик.  Стартува изградбата на булеварот „Партизанска„. Откако локалната самоупрвава не наиде на разбирање од централната власт, реши овој капитален проект со кој ќе се поврзат две големи населби во градот, да го реализира со сопствени средства. Тендерот за избор на градежна компанија којашто ќе го гради е распишан, а работите на терен стартуваат веднаш штом ќе дозволат временските прилики.

   „Пробавме и преку Министерството за транспорт и врски, не успеавме. Пробавме да издадеме општинска обврзница и на тој начин да обезбедиме финансиски средства и во тоа не успеавме. Конечно смогнавме сили од општинскиот буџет обезбедени се средства во износ од 2,5 милиони евра за реализација на овој капитален проект„ изјави денеска градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

 Со проектот ќе биде опфатено и поставувајќи на нова главна водоводна и кализациона мрежа, со што ќе се реши и горчливото прашање на градот, а тоа се честите дефекти во водоснабдителниот систем. Паралелно со ова се работи и на проектот типски куќи каде ќе бидат сместени семејствата чии домови треба да се срушат, за да се изгради булеварот.

Реклама

  „Жалам што граѓаните, односно жителите од овој дел на градот кои временмо се сместени да домуваат, да бидат дислоцирани од страна на државните институции Центарот за социјални работи, бидејќи по трасата по која што ќе минува булеварот „Партизанска„ се сместени неколку објекти  кои мора да бидат срушени„ изјави Јорданов.

Булеварското решение е во должина од еден километар, а ако работите се одвиваат според планот, градежните активности треба да завршат за една година. 

Александра Ристевска