Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Штип ги промовираше најдобрите ученици во училиштата

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Порача дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Порача дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на градот и државата. За првенци на генерацијата беа прогласени Мартин Стојанов од ООУ „Гоце Делчев“, Хана Џорлева од ООУ „Тошо Арсов“, Бојана Кангалова од ООУ „Димитар Влахов“, Михаела Петковска од ООУ „Славејко Арсов“, Дамјан Чамушев од ООУ „Ванчо Прќе“, Теодора Стојчевска од СОУ „Јане Сандански“, Даниел Христов од СОУ „Славчо Стојменски“ и Гизем Мустафа од СОУ „Димитар Мирасчиев“.

-Целта на овој настан е да се дадат признанија и да се вреднува успехот на учениците, достигнување на високи резултати и достигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Штип е град кој се гордее со нашите ученици, затоа што изминативе години сведочиме на низа на достигнувања и на државно и на меѓународно ниво. Влогот и инвестирањето во образованието е инвестирање во иднината. Јас сум сигурен дека овие ученици се иднината на нашиот град, иднината на нашата држава и дека тие во иднина ќе успеат да го трасираат патот на рзвојот на нашата општина-изјави Јорданов.

Првенците на генерацијата истакнаа дека ова признание претставува голема чест и потврда за нивниот долгогодишен труд, постигнатите успеси и силната мотивација да продолжат со натпреварувања на повисоко ниво. Тие порачаа дека вложениот труд во учењето и натпреварите се вреднува и претставува доказ дека младите таленти од Штип имаат поддршка и препознавање за своите достигнувања на државно и меѓународно ниво. На секој првенец  му беше доделен паричен ваучер во вредност од 10.000 денари во знак на признание на вложениот труд и успех.