Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Штипјанецот Денис Асанов обвинет за убиство го смени исказот пред судот

Починатата Борјанка Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Починатата Борјанка Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Сакал веднаш да пријави во полиција, но немал кредит на телефонот. Вака денеска сведочеше 74 – годишниот Денис Асанов од Штип, кој е обвинет за убиството на 79 – годишната Николова.

Според него истата вечер двајца млади луѓе му ставиле вреќа на глава и го врзале за дрво, а потоа почнале да копаат дупка во неговиот двор. Асанов го спомна и неговиот очув кој како што рече им се придружил на двете лица и му се заканил да молчи, во спротивно ќе го запалат. 

Асанов на судијката Јулијана Недкова побара да му изрече ослободителна пресуда, бидејќи како што рече „никогаш во животот ни кокошка не заклал, а камоли човек:” Починатата Борјанка ја познавал само три месеци и често спиела кај него. Асанов денеска пред судницата во Основниот суд во Штип го смени првичниот исказ даден пред истражните органи. 

Реклама

Вештакот од Судска медицина посочи дека од обдукцијата на дел од трупот жртвата имала скршени осум ребра, а повредите на градниот кош укажуваат на силен притисок, најверојатно нанесен со колено. Нејзиното тело е пронајдено најмалку две недели по смртта, а недостасувале главата и нозете, кои биле отсранети по настапувањето на смртта. Идентитетот на жртвата бил потврден преку ДНК анализа.

Судскиот процес во Основниот суд во Штип продолжува на 21 април во 10.30 со завршни зборови на одбраната и обвинителот од Основното јавно обвинителство-Штип.