Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Шестти ден примирје во Газа: Досега ослободени 60 се ослободени и 180 палестински затвореници

Примирјето меѓу Израел и Хамас влезе во шестиот ден, а подоцна денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Примирјето меѓу Израел и Хамас влезе во шестиот ден, а подоцна денеска се очекува уште една размена на израелски заложници за палестински затвореници, додека меѓународните посредници се обидуваат да посредуваат за траен прекин на огнот.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека добил список со имињата на киднапираните Израелци кои Хамас има намера да ги објави денеска. Тоа ќе биде шеста група заложници ослободени како дел од привременото примирје.

Секој ден од петокот, Хамас ослободуваше по десет жени и деца киднапирани во нападите врз јужен Израел на 7 октомври, а Израел пак ослободуваше три пати повеќе палестински затвореници, жени и малолетни мажи.

Реклама

Дванаесет заложници (десет Израелци, Тајланѓанец и Филипинка) и 30 палестински затвореници беа ослободени синоќа.

Веќе се информирани семејствата на заложниците кои ќе бидат ослободени денеска, на вториот ден од продолженото примирје, јавуваат израелските медиуми.

Договорот за прекин на огнот, постигнат со посредство на Катар, со поддршка на САД и Египет, дозволи досега ослободување на 60 израелски заложници и 180 палестински затвореници.

Во меѓувреме, посредниците се обидуваат да го продолжат примирјето и размената на приведените да продолжи и по четврток. Се очекува оваа недела државниот секретар Ентони Блинкен да ги посети Израел и Западниот Брег.

Засега, примирјето може да се продолжи за еден ден на секои десет заложници што Хамас гарантира дека ќе ги ослободи. Сепак, неизвесно е дали може да трае повеќе од 10 дена, како што беше предвидено во првичниот договор.

Продолжувањето на прекинот на огнот овозможи испорака на нова помош за жителите на Појасот Газа, кој Израел го бомбардира веќе седум недели.