Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека ја следи состојбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопската населба Трубарево, општина Гази Баба. На терен во моментов е директорот на ЦУК Мухамед Али. 

-Во текот на денот, во 13:38 часот, преку единствениот број за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти. Веднаш воспоставив координација со Центарот за управување со кризи и ги информирав надлежните служби за состојбата на терен, добивајќи насоки за понатамошни дејствија, наведува Али.

Од страна на операторот ЕВН било побарано итно исклучување на електричната енергија со цел да се овозможи безбедно гаснење на пожарот, вклучително и со употреба на воздухопловни средства.

Реклама

– На терен се ангажирани шест противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, со повеќе од десет пожарникари, како и неколку специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Дополнително, во гаснењето учествуваат еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, како и еден Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се испратени и екипи на итната медицинска помош, информира Али.