Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Шест месеци по трагедијата од Кочани- Судскиот процес се уште заглавен во фаза на оценка

Неизвесно е кога ќе почне судењето за пожарот во Кочани, со оглед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неизвесно е кога ќе почне судењето за пожарот во Кочани, со оглед на тоа што веќе трет месец Кривичниот суд го оценува обвинението, а помина половина година од трагедијата. Таму е при крај анализата на приговорите од адвокатите, но не откриваат кога може да се очекува старт на процесот.

Оттаму велат станува збор за комплексен предмет во кој има над 200 сведоци и оштетени, па затоа им треба повеќе време да ја дадат оценката и предметот да се распореди кај надлежен судија.

Оценката на обвинителниот акт е во финална фаза, односно се разгледуваат сите добиени приговори, по што советот за оцена на обвинителен акт составен од тројца судии ќе донесе одлука за која странките и јавноста ќе бидат известени. Потребно е прецизна анализа на сите доставени приговори и доследно почитување на Законските права и обврски на странките како не би дошло до пропусти при оцценката кои може да ја компромитираат понатамошната постапка, велат од Кривичен суд.

Реклама

Оценувањето не се одолговлекува само поради анализата на големиот број на приговори од адвокатите кој документите ги добија во екот на одморите, туку и поради тоа што две судијки се изземале од оценувањето бидејќи, била во роднински врски со оштетена, а другата во релација со адвокат; како што веќе објави Алфа.

Никој не сака да постапува, и сите гледаат како да ескивираат од мачното и долго судење за пожарот во Кочани којшто однесе 62 млади животи. Причината зошто никој не сака да пресуди за овој предмет, најверојатно е поради тоа што процесот ќе има силен мониторинг и ќе биде под лупа на јавноста.

Како за оценката, така најверојатно ќе биде и кога предметот ќе се распореди според АКМИС системот.

Со оглед на тоа што за трагедијата во Кочани има 34 обвинети, 3 фирми, уште толку адвокати, 13 обвинители, логично е голем број судии да се некако поврзани и да си го користат правото за да го избегнат судењето.

На 13 јуни беше поднесено обвинение за тешки дела против општата сигурност.  На 5 септември, пак, беше поднесен и обвинителен акт против сопственикот на фирмата за обезбедување Рубикон кој се товари дека лично дал инструкции за употреба на пиротехника, дозволувал влез на малолетници по полноќ и работел без безбедносен план.