Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Шест месеци од трагедијата во Кочани во која загинаа 62 луѓе

Тага, болка и непребол во очите на родителите, роднините и пријателите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тага, болка и непребол во очите на родителите, роднините и пријателите на 62 млади луѓе, кои пред точно шест месеци загинаа во пожарот во дискотеката Пулс. Тивко марширајќи по кочанските улици тие, уште еднаш побараа одговорност од сите оние кои со своите постапки придонеле да се случи страотната несреќа која државата ја зави во црно. Марш на ангелите има и во Скопје.

„Нашите деца никогаш повеќе нема да се вратат. Но, вистината да ја урламе гласно-дека Деко и Михаил се директно одговорни, а секој политичар што ги штител има крв на рацете. Бараме одговорност. Бараме вистина. Бараме правда за нашите деца. И ќе продолжиме да зборуваме се додека секој што со своето молчење придонел за оваа трагедија не биде изведен пред лицето на правдата„Светлана Стојанов, мајка.

„Ако сакаме ова никогаш д не се повтори , мора да бараме промена. Оваа трагедија не е само на семејствата кои изгубија, ова е трагедија на целат земја. ДА ја претвориме оваа болка во сила. Во сила за промена, во сила за правда, во сила за иднината во кој младите нема да одат во клубови, што стануваат гробници„ порача Васка Лазарова, мајка.

Реклама

Шест месеци подоцна Кочани, е се уште епицентарот на болката. Неговите жители продолжуваат да живеат со последиците, испраќајки силна порака за солидарност и човечност. Многумина се борат да изградат нов живот без своите чеда, а други минуваат низ долги процеси на лекување и рехабилитација

По половина година од трагедијата во Кривичниот суд во Скопје, поради преобеноста на случајот се уште нема закажано судско рочиште. Се уште се чека проценката на обвинителниот акт во Судот. Според Обвинителството, причина за големиот пожар се пиротехнички матрејали кои запалиле дел од таванот на дискотеката. Пламените јазици брзо се прошириле, а младите луѓе немале доволно време за да излезат, бидејќи имало само еден влез. Во дискотекта имало околу 600 иако локалот имал капацитет за 250. Најголем дел од починатите се на возраст од 24 и 26 години. 31 од нив биле деца. За случајот Пулс, Обвинителството отвори две истраги. Едната против 34 луѓе и три правни лица, а втората за 27 полициски службеници.