Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Шест кандидати за градоначалник на Кочани и вкупно 9 советнички листи

На овие избори кочанчани, ќе бидат ставени пред важен испит. Изборот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На овие избори кочанчани, ќе бидат ставени пред важен испит. Изборот на градоначалник по трагедијата во дискотеката Пулс, ќе покаже во каква насока граѓаните, одлучиле да се развива нивниот град. Дури шест кандидати ќе се борат за градоначалничкото столче, а се поднесени и 9 советнички листи. Граѓаните очекуваат не само планови за инфраструктура, економија и развој, туку и јасна визија за тоа како градот ќе се справи со последиците и повторно ќе ја врати довербата во институциите. Посебно внимание привлекува Владко Грозданов, кандидатот за градоначалник од Вмро-Дпмне, чие дете беше сериозно повредено во пожарот во Пулс. Личното искуство со трагедијата ја нагласува неговата посветеност и визија за иднината на градот.  

„Градоначалничкото столче за некој претставува доблес, гордост, моќ, но за мене ништо не претставува од тоа. За мене претставува одговорност, доверба што ти ја дава народот и доверба која е базирана на чист образ. Најважно е по завршувањето на минливиот мандат тој образ да остане така чист и неизвалкан“, изјави Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани, од Вмро-Дпмне.

Сите шестмина кандидати ветија дека овие локални избори во историјата ќе бидат запаметени како најмирни. Игор Христов, од СДСМ потенцира дека ќе ги слуша граѓаните и нивните идеи за промена.

Реклама

„Во еден град каде се изгубени 62 животи, да имаме над 200повредени и да водиме скапи кампањи Не. Меѓутоа, ќе ги посетиме граѓаните, од нив ќе црпиме идеи и замисли за промена на градот Кочани. Ќе гледаме да бидиме очите и ушите кои ќе ги слушат нивните интереси“, изјави Игор Христов, кандидат за грдоначалник на СДСМ.

Освен Грозданов и Христов, во Кочани, за градоначалничката фотеља претендираат уште четворица-Даниел Глигоров од партијата Единствена Македонија, Жаклина Филипова Свеќароска, од Левица и независните-актуелниот в.д градоначалник Венко Крстевски и Зоран Тодоров.

„Ние ви ветуваме дека ќе имаме кампања во која нема да напаѓаме никого, но нема да го скриеме ниту еден проблем кој го засега граѓанинот. Ќе зборуваме за проблемите, но ќе зборуваме и за решенијата. Ние  уште еднаш ја подаваме раката кон сите за зеднички да ги решиме проблемите и да направиме подобар живот за сите“, изјави Зоран Тодоров, независен кандидат за градоначалник на Кочани.

Изборната кампања ќе се одвива во сенка на најголемата трагедија што пред шест месеци ја потресе државата , а идниот градончалник на Кочани, ќе треба да му даде надеж и вистински пат за како полесно да се избори со најголемото искушение со кое се соочила Македонија.