Реклама

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Македонија

Шасивари – Косма: Заеднички активности за унапредување на изборното законодавство

– Процесот на изборните реформи и натамошните чекори за унапредување на изборното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Процесот на изборните реформи и натамошните чекори за унапредување на изборното законодавство, се дел од темите на кои разговарале на денешната средба министерот за правда, Јетон Шасивари со директорката на ИФЕС за Северна Македонија, Јоана Косма.

Како што информираат од Министерството за правда, во фокусот на разговорот била потребата овој процес да се води преку дијалог, вклучување на сите засегнати страни и изнаоѓање одржливи решенија кои ќе придонесат за зајакнување на довербата во изборниот процес.

-Министерството за правда веќе презеде чекори за повторно воспоставување на дијалогот меѓу политичките чинители. Последната консултативна средба со претставниците на парламентарните партии беше дел од напорите за деблокирање на процесот и враќање на отворените прашања на маса за дискусија – посочуваат од Министерството.

Реклама

Шасивари истакнал дека изборната реформа не може да биде едностран процес и дека нејзиното унапредување бара континуирана комуникација, подготвеност да се слушнат аргументите на сите страни и пристап насочен кон градење консензус.

Со Косма, како што се наведува во соопштението, било разговарано и за соработката со ИФЕС и искуството што оваа организација го носи во изборните процеси, како и за можностите оваа експертиза да биде искористена во натамошната работа на изборната реформа.