Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

„Северна“ не постои за претседателката – грчката амбасадорка во знак на протест ја напушти салата

Со највисоки државни и воени почести, гардата пред Вила Водно и досегашниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со највисоки државни и воени почести, гардата пред Вила Водно и досегашниот шеф на државата ја дочекаа новата претседателка и врховна командатка Гордана Силјановска Давкова. По заклетвата во Собранието Силјановска-Давкова на официјална церемонија ја презеде функцијата од Стево Педаровски. Имаа тет-а-тет средба, а потоа првата жена претседател на Македонија, го испрати својот претходник.

Гордана Силјановска Давкова реакциите за нејзиниот говор ќе ги слуше од нејзиниот нов дом претседателската Вила на Водно. Првите стигнаа од Грција. Откако Силјановска Давкова во заклетвата семјата ја нарече  „Македонија“, како што впрочем вети за време на кампањата, без да ја употреби кованицата „Северна“, бурни реакции од југот. Амбасадорката ја напушти галеријата на собраниската сала за време на говорот на претседателката. Грчките медиуми пренесуваат дека Софија Филипиду ја напуштила свечената седница „во знак на протест“. Од амбасадата пак велат дека Филипиду ја напуштила салата по инструкции на грчкото МНР, веднаш по заклетвата. Не присуствуваше за време на говорот на Силјановска Давкова. Од партиите во законодавниот дом, единствено реакција имаше од ДУИ. А интегративците продолжија со нападите. И замерија на Силјановска Давкова бидејќи не ги спомнала Рамковниот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство. Според нив, го прекршила уставот дека ја нарече државата „Македонија“.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Алфа кратко изјави дека говорот бил државнички и достоинствен.

Реклама

Говор на претседател кој што ја доби довербата од граѓаните, достоинствен говор, си остана на зборот, на она што го зборуваше во кампањата – рече Мицкоски.

Изразуваме жалење за говорот на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова. Го згази Уставот уште на прва реченица неспомнувајќи Република, ниту Република Северна Македонија, со сите импликации кои ги има тоа. Рече време е за единство, а спомна само двајца лидери од македонскиот блок, исклучувајќи ги сите останати – нагласи Aрбр Адеми, координатор на пратеничка група на ДУИ.

На фотелјата во Вила Водно до сега седеле пет претседатели.Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.