Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

„Сестри и брат Митевски“ – меѓу продукциските куќи кои добиле најмногу пари од Агенција за филм

„Сестри и брат Митевски“ – меѓу продукциските куќи кои најмногу профитирале од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сестри и брат Митевски“ – меѓу продукциските куќи кои најмногу профитирале од народните пари. Агенцијата за филм, која е под сериозно сомение дека незаконски делела пари од буџетот, на оваа продукциска куќа досега и има инкасирано повеќе од 150 милиони денари, односно над 2 и пол милиони евра.

За разлика од мнзоинството продукции, тие се истакнуваат во тоа што Агенцијата за филм покрај тоа што им доделувала неверојатни суми на пари, често добивале финансиска поддршка за повеќе од два проекти, но, на списокот се јавуваат под различни имиња, односно „Сестри и брат Митевски“, како и  „Систерс енд бродер Митевски продакшн ДООЕЛ“.

Продукцијата е формирана во 2001-та година и е регистрирана во Скопје, иако според информациите на ТВ Алфа Лабина, Теона и Вук Митевски се во Македонија само кога земаат пари од буџетот, бидејќи се преселни во странство.

Реклама

Во нивната семејна продукција очигледно има работа за сите тројца.

„Лабина е одговорна за продукцијата, Теона е режисер кој има заршено магистерски студии во Школата Тиш во Њујорк, а Вук е сликар и скулптор кој работи како сценограф и уметнички директор.“ – Стои на вебсајтот на продукцијата.

На нивниот официјален веб сајт се наведени повеќе проекти на кои работеле, но никаде ги нема буџетите и сумите народни евра што ги инкасирале.

Она што е впечатливо е дека овие продуценти се меѓу најголемите корсници на средства од државниот буџет, преку инситуција за која министерството за култура утврдило прекршување на законите, клиентелизам, судир на интереси и повластеност на продуциските куќи при доделувањето финансиска поддршка.

Ревизијата што ја направи Министерството за култура покажува дека на списокот финансирани проекти постојано се повторуваат истите имиња на продуценти, режисери и сценаристи – речиси секоја година парите се делеле во тесен круг филмаџии во кој е скоро невозможно да се влезе.

Инаку според истражувањето на ТВ Алфа, за работењето на Агенцијата за филм, и наводите за криминал, корупиција, непотизам и судир на интереси, само во 2022, оваа инситуција потрошила повеќе од 330 милиони денари, народни пари, двојно повеќе од тоа што им било доделено од државната каса. Поради ова, Агенцијата за филм не само што е под сомнение дека го оштетила државниот буџет, туку и дека го загрозила остварувањето на домашната филмска дејност во наредните 5 години.