Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сериозни сомнежи, за злоупотреба на мерката самоизолација

По триесет и шест дена во самоизолација, еден позитивен и два последователни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По триесет и шест дена во самоизолација, еден позитивен и два последователни негативни тестови за корона,  кандидатката за пратеник од ГРОМ, ВО 4–тата изборна единица, Билјана Петрушева се уште е дома.

Кога го направила првиот тест, резултатитите ги добила дури после шест дена. Во меѓувреме направила уште два теста во две различни приватни болници,кои покажале, дека веќе не е носител на вирусот.. Отакако  ги добила резултатите од првиот тест, истиот ден и било испорачано и решение за самоизолација.. Од тогаш, во следните 30-тина денови никој не ја контактирал.. Се сомнева дека некој намерно си поигрувал со неа, за да ја спречи да учествува во изборната кампња..

„Ќе кажам дека бројните недоследности кои што се провлекуваа во мојот случај, само ги зголемија сомнежите кај мене, дека донесеното решение за изолација после два негативни теста беше со единствена цел моја елиминација од предизборната кампања како кандидат за пратеник во изборна единица четири. И да бидам попрецизна, се сомневам дека поединци од системот на Јавно здравје ја злоупотребија моќта и службената положба, ги злоупотребија различните толкувања на протоколите со Ковид 19 и на крај ја злоупотребија и мојата одговорност“. – вели Петрушева.

Реклама

Веќе доставила и писмен допис до институцијата која и го издала решението за самоизолација. Очекува да ја контактираат епидемиолозите и конечно да и закажат контролно тестирање, за после 36 дена, да и биде укинато решението за изолација.. Вели дека и е нанесена огромна штета.

„Не само како кандидат за пратеник во држава којашто се декларира како парламентарна демократија, туку и како личност и како семеен човек, како сосед, комшиите се преплашени да ви кажам, како вработено лице ми е нарушена личноста, како советник во Советот на општина Центар.“ – рече Петрушева.

Најавува дека нема да ги остави работите така и дека правдата ќе ја бара пред надлежните институции.

 

Дијана Тасева