Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Сериозен недостаток на професори по математика, физика, хемија

Многу основни и средни училишта кубурат со професионален кадар од областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу основни и средни училишта кубурат со професионален кадар од областа на природните науки. Најголем недостаток се чувствува по предметите математика, физика и хемија, но се почесто, училиштата  не можат да обезбедат наставници или професори и по историја и географија. За да се надмине јазот, според универзитетските професори кои работат на европски проект сметаат дека освен факултетско образование мора да се применуваат и други форми за професионално доусовршување на наставниците од сродните дисциплини.

   „Во нашата програма сегментот во кој пишуваме кои ќе бидат реализатори или слушател на програмите, се наведени факултетите од природната група на предмети и техничките факултети, што не значи дека понатаму не можат да се прошират на медицинските или уметничките„ рече универзитетскиот професор Татјана Атанасова-Пачемска

Но проблемот не ги засега само македонските, туку и училиштата во цела Европа. Бројот на студенти кои се запишуваат на Факултетите по  информатика и математика расте, но најголем дел од нив не се зафаќаат со учителската дејност.

Реклама

„Наставничката професија е професија која во моментот не мотивира. Веројатно тоа е поради статусот, но и поради ниските плати…. Има интерес за студирање на овие факултети, но после нивното студирање тие го наоѓаат своето работно место во бизнис секторот, пошто таму се поплатени и веројатно статусот на нивните работни места е малку повисок„ изјави Татјана Атанасова-Пачемска, универзитетски професор.

Денеска во Штип беа презентирани резултатите од проектот, а штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ е дел од акредитираната  меѓународната програма за пост факултетско образование на наставниците. 

Александра Ристевска