Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Серафимовски – Тигањ: Хрватското искуство е значајно за европскиот развој на македонското земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беше зеднички оценето дека одличните политички односи меѓу двете земји создаваат цврста основа за продлабочување на соработката во земјоделството, особено преку пренесување на хрватското знаење и искуство од пристапниот процес кон Европската Унија.

– Хрватска веќе го помина патот по кој ние се движиме и нејзиното искуство може да ни помогне подобро да ги подготвиме институциите и производителите. Усогласувањето со европските регулативи и стандарди значи поквалитетно производство, поголема конкурентност и подобри можности за пласман на македонските земјоделски производи на меѓународните пазари – истакна министерот Серафимовски.

На средбата се разговараше за ценовните движења на регионалните и европските пазари на храна, како и за органското производство како можност за создавање поголема додадена вредност и поконкурентно позиционирање на земјоделските производи.

Реклама

Во фокусот на разговорот беше и потребата од поголемо поврзување на научната заедница со земјоделците и преработувачите, со што современите сознанија би добиле пообемна практична примена во производството на храна. 

Министерот Серафимовски и амбасадорката Тигањ изразија подготвеност соработката меѓу Македонија и Хрватска да се интензивира преку развивање нови заеднички иницијативи, со потенцијал да прераснат во долгорочни партнерства и да донесат видливи придобивки за аграрните сектори во двете држави.