Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Семејството на загинатата Фросина се чувствува злоупотребено – на движењето „Кој е следен?“ не му е важна жртвата, туку агендата

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова, остро реагира на обидите да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова, остро реагира на обидите да се искористи и злоупотреби нивната голема тагата и смртта на младата девојка која беше прегазена на Партизанска од страна на иницијативата „Кој е следен“. Росица Кулакова, сестрата на Фросина, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си и за иницијативата „Кој е следен?“ која стоеше зад протестите откако девојчето беше усмртено на пешачки премин, а сега стои и зад протестите по трагедијата во Кочани.

„Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето – се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација“, пишува Росица Кулакова.

Вели дека веќе на вторите протести на кои се бараше одговорност за Фросина се почувствувало дека нешто не е во ред.

Реклама

„Присуствував на еден состанок – последен за мене, затоа што немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент“, објаснува таа.

Кулакова вели и дека има чесни луѓе и во оваа иницијатива и дека нејзината критика не е до оние што протестирале на улица, туку до оние што ги организирале протестите.

„Моите зборови се насочени кон организаторите. Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го ‘водат’ протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки“, вели Кулакова.

Реагираше и таткото на Фросина, кој вели дека дното е пробиено, а организаторите на протестот ги нарече политички глодари. Тој порача дека ќе бараат начини за институционално преземање одговорност и казнување на оние кои се вклучени во вакви злодела и манипулации.