Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

СЕЛСКИТЕ ВОДОВОДИ ВО БИТОЛСКО НЕМААТ ИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Повеќе битолски села што ги користат старите селски водоводи изградени со самопридонес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе битолски села што ги користат старите селски водоводи изградени со самопридонес од пред четири и повеќе децении , немаат здрава вода за пиење и нивното здравје е загрозено од потенцијални зарази, особено сега во услови на пандемија со Ковид- 19. Денеска реагираа жителите од Бистрица и Барешани, со околу 1. 200 жители и неколкустотини ученици.

  • Водата треба да се забрани за пиење бидејќи е бактериолошки и хемиски неисправна. Во Бистрица имаме над илјада жители и имаме школо со 300-400 ученици. Сакаат да пијат чиста вода, а никој ништо да неплаќа- рече Јован Ташевски.- Загадена е водата и во Барешани и не се пие. Значи, само за технички работи, за капење, перење и сега кога ќе почнат дождови, ќе немаме ништо- рече Стефче Андреевски од с. Барешани.- Има деца мали, училиштето е тука и ученици идат од сите околни села- рече Панде Лазаревски од с. Бистрица.

По нивно барање, опозоциските советници од ВМРО ДПМНЕ, на денешната седница на Советот на Општината во Битола, побараа на дневен ред да се стави точка за селските водоводи, но мнозинските советници на СДСМ не го прифатија овој предлог.

Реклама
  • Ингнорантскиот однос на актуелната локална власт предводена од СДСМ и наташа Петровска кон руралните средини во континуитет го гледаме во последните три години, колку што се на власт во Битола. Последниот проблем што настана со водоснабдувањето, и покрај реакциите на поголем број граѓани од тие места, сепак, локалните власти не презедоа ништо- рече Иванчо Тошевски, координтор на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Од ЈП “Водовод“ велат дека има села каде што е можно приклучување на градскиот водовод, меѓутоа селаните не сакаат да плаќаат за вода.

  • Најголем проблем кај ова население што неќи да се приклучи на градскиот водовод е сумата која треба да ја плаќаат за потрошената вода, бидејќи имаат стока која пие голема количина вода и ред други работи- рече Горан Козаровски, директор на ЈП “Водовод“- Битола.

Но, има села каде што не е возможно тоа да се направи и ќе треба со години да се чекаат пари од европските фондови за скапи проекти. Дотогаш, заканите од  ешерија коли и други заразни бактерии , ќе бидат реална опасност, особено во училиштата, каде речиси без исклучок, тоалетите се со септички јами. Според чл. 185 од Законот за води, градоначалничката Петровска, не смее да го игнорира овој проблем, велат опозиционерите.

Петар Стефановски