Реклама
Македонија

Села или Таравари? – кој и да го добие партискиот печат, ДУИ нема да има никаков бенефит

ДУИ се надеваа дека со поделбата на Алијанса на албаците кои тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ се надеваа дека со поделбата на Алијанса на албаците кои тие тивко и зад завесите ја предивикаа, популарноста на интегативците за изборите ќе порасне, но сликата во реаноста е сосема поинаква. Според дел од аналитичарите, кој и да го добие брендот на Алијанса, односно печатот од партијата, дали Таравари дали Села, на ДУИ исто им се фаќа, оти на гласачите им е преку глава од владеењето на Ахмети.

Според Пекевски, каква кампања ќе водат партиите можеби е и еден од најважните сегменти за изборниот резултат. Но едно е јасно добар дел од албанскиот интелектуален капацитет, односно младите се надвор од државата, а оние кои се тука бараат промена.

Од друга страна постои во урбаниот дел, разочарување од политиките на албанците од албанските политичари, посебно од ДУИ, заради тоа што ништо не придонесуваат во насока на тоа подобрување на статусот на албанскиот граѓанин посебно на младите албанци. Како што може да види јавноста бенефитот го уживаат албанските политичари и нивните блиски роднини преку разно разни тендери, вели Пекевски.

Реклама

Според Пекевски, реториката која ДУИ ја води, секогаш кога чувствува дека рејтингот на партиајта е загорзен, односно играњето на карта национализам, веќе е прочитана приказна, сега гласачите бараат нешто конкретно, бараат добра програма.

Веќе таа реторика на национализам мислам едка нема да пројде повеќе, дека веќе и на обичниот албански граѓанин кој живее во Македонија му е преку глава од условите во кои живееме сите ние. Загаденоста, корупцијата,криминалот не погаѓа сите, не ги погаѓа само одредена категорија на луѓе. Мислам дека ќе се сврти тој дел и нема да име веќе гласање за ДУИ туку ќе има нешто програма која ќе ги подобри состојбите во животот на секој граѓанин, вели Пекевски.

Се чини дека пропагнаа во вода сите планови на ДУИ дека со расколот во Алијанса, тие би ја зајакнале својата сила. Дополнително проблем им направи Таравари кој се кандидраше за претседател на државата заедно со здружената опозиција од албанската заедница, па така идејата за заеднички кандидат кој го планираа со СДСМ остана само идеја.