Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Сектор за даноци и такси од Куманово почна со генерирање решенија за присилна наплата за комунална такса

Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, денеска ги повика граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, денеска ги повика граѓаните и правните лица да ги платат даноците за 2025 година, бидејќи наскоро ќе почне дистрибуцијата на решенија на опомени за неплатени даноци и такси како и решенија за присилна наплата за неплатена комунална такса за претходната година.

-Секторот за даноци и такси изврши генерирање на опомени за неплатени даноци по основ данок на имот за правни и физички лица за 2025 година како и неплатена комунална такса за 2025 година, а исто така изврши генерирање на решенија за присилна наплата за неплатена такса за 2024 година. Решенијата веќе се генерирани и ќе почне нивната достава до граѓаните. Ги повикуваме граѓаните да се намират својата обврска, да си го платат данокот и со тоа да не се генерира следната фаза тоа се решенија за присилна наплата, изјави раководителката на Секторот, Фросина Краљевска.

Секторот генерираше 1 468 решенија за присилна наплата за комунална такса. Оттаму велат дека се информирани дека одредени фирми се затворени, но велат дека сè додека ги добиваат информациите од Централниот регистар, ќе мора да генерираат решенија. Комуналната такса, во Куманово изнесува 6000 денари.

Реклама

-Наплатата на даноци на имот кај физички и правни лица, досега изнесува околу 40 до 50 проценти. Граѓаните имаат некој тренд на плаќање и тоа секогаш на крајот на годината сметаат дека данокот е годишна обврска и секогаш при крајот на годината го плаќа данокот, иако согласно законските обврски данокот се плаќа во рок од 15 дена од приемот, изјави Краљевска.

Во Куманово има околу 38000 даночни обврзници, наплатата претходната година се движела од 84  проценти кај правни лица, 70 проценти кај физичките и 65 отсто од фирмите платиле комунална такса.