Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

„За пријателите сè е заедничко“: Ученици од Ресен, Пустец и Лемос ќе учествуваат на вторите училишни игри во грчката општина Преспа

Античката изрека „За пријателите сè е заедничко“ е мотото под кое во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Античката изрека „За пријателите сè е заедничко“ е мотото под кое во четврток и петок ќе се одржат вторите училишни игри Преспа, во организација на грчката општина Преспа, со учество на ученици од Ресен, од грчката општина Лемос и од албански Пустец, кои заедно ќе поминат два дена запознавајќи се со природните и културните вредности на регионот преку игра и спорт.

Од општина Преспа информираа дека игрите се враќаат по пауза од седум години, по првите што се одржаа во 2019 година, а со мотото се истакнува дека езерото, природата и културата на Преспа им припаѓаат на сите кои живеат во околината.

– Програмата обединува три елементи што ја карактеризираат Преспа: културата, природата и спортот. Така, учениците нема да учествуваат само на спортски натпревари, туку ќе се запознаат со регионот и едни со други, информираа од општината.

Реклама

Планирано е учениците да ја посетат базиликата „Свети Ахил“, византиската црква „Свети Герман“, ридот „Агиос Јоанис“, од каде што се гледаат трите земји на Преспа, а во спортскиот дел ќе трчаат еден и два километри.

Во сите активности учениците ќе бидат поделени во мешани тимови со деца од трите училишта, така што секоја активност ќе биде можност за меѓусебно запознавање.

Градоначалникот на грчката општина Преспа, Јоргос Стергиу, ги повика жителите и посетителите да дојдат на целта на трките и да ги бодрат учениците.

– Преспанските езера нè обединуваат со нашите соседи. Кога учениците од трите земји играат и трчаат заедно, градат пријателства што траат цел живот. Тоа е значењето на „За пријателите сè е заедничко“. Им благодариме на училиштата, наставниците и општините Ресен и Пустец што помагаат да се реализира оваа средба, рече Стергиу.

Училишните игри се реализираат во рамките на проектот ПУЛСЕ на Општина Преспа, финансиран преку програмата ЦЕРВ (CERV – Граѓани, еднаквост, права и вредности) на Европската Унија, додека, пак, медалите и пехарите се обезбедени од програмата Интерег „Грција – Северна Македонија 2021 – 2027“.