Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Отворена изложбата „Револуција во кадар“ – 60 оригинални фотографии од македонската историја

Во  Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) синоќа беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во  Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) синоќа беше отворена изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“, која содржи 60 оригинални фотографии од македонското револуционерно минато – избор од приватната колекција на авторите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Значителен дел од историските фотографии досега не биле претставени пред јавноста. 

Поставката нуди фотографско патување низ четири децении од македонската историја, почнувајќи од основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, па сè до политичките и општествените случувања во меѓувоениот период, заклучно со 1934 година.

Преку оригинални портрети, групни фотографии и ретки визуелни сведоштва, посетителите во наредната седмица, до кога ќе биде поставена изложбата,  ќе може да се запознаат со ликовите на македонски револуционери, војводи, комити, интелектуалци, црковни дејци и жени вклучени во револуционерното движење. Покрај познатите личности, изложбата претставува и помалку познати или речиси заборавени учесници во македонската револуционерна историја.

Реклама

Особена вредност на поставката е што значителен дел од фотографиите досега не биле објавувани, а некои  првпат ги откриваат ликовите на личности познати само од пишаните историски извори. Станува збор за оригинални фотографски примероци собирани и истражувани со години, како дел од поширок процес на пронаоѓање и документирање на македонското фотографско наследство.

На отворањето на изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“ присуствуваше и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој објави дека изложбата „го оживува споменот на едно време исполнето со борба, жртва и непокор“ и ни овозможува „да се доближиме до едно од најзначајните поглавја на македонската историја“.

-Историјата не е само спомен од минатото, туку аманет за иднината. Народ што ги памети своите корени, ги почитува своите херои и го чува својот идеал, знае кој е и каде оди. Свои на своето, напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил. 

Изложбата во МАНУ е организирана во три тематски целини што ги опфаќаат периодите пред и по Илинденското востание, времето на Балканските војни и Првата светска војна, како и меѓувоениот период до 1934 година.

Според рецензентите, проф. д-р Никола Жежов и проф. д-р Теон Џинго, една од особеностите на поставката е што на едно место претставува личности од различни револуционерни организации и политички струења, овозможувајќи поширок поглед кон македонското револуционерно минато.

„Револуција во кадар“ се надоврзува на изложбата „Лицата на револуцијата“, која беше поставена пред три години,  продолжувајќи го истражувањето и јавното претставување на реткото македонско фотографско наследство.