Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова вчера имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс.

-Сиљановска-Давкова, која беше надворешна членка на Уставната комисија во 1991 година, најпрво го изрази својот став за концептот, содржината и структурата на Уставот, а потоа ги презентираше фазите на неговото донесување, со посебно внимание на подготовката на Нацрт-уставот, којшто беше ставен на јавна дискусија, од којашто произлегоа бројни забелешки на преднацртот и предлог-измени. Таа ја опиша атмосферата во којашто се одвиваше дебатата меѓу пратениците, стручната група којашто го подготви работниот текст и експертите. Претседателката начелно, позитивно го вреднува уставот од 1991 година, повикувајќи се на компаративните уставни решенија, на оценката на релевантни меѓународни институции и конституционалисти, но укажа и на проблематичните решенија што не го положиле тестот на времето, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова. 

Исто така, претседателката посочи „дека сме рекордери во уставни измени, меѓу коишто голем број се октроирани однадвор, дека сме редок пример на држава којашто сменила преамбула два пати, а згора, со непозната уставно правна техника, дека уставот е тежок за читање, поради непрецизните и нејасни одредби и различната и неусогласена правна терминологија, што го прави податлив за различни интерпретации“.  

Реклама

За неа, односот кон Уставот е „далеку од однос кон lex superior и најважен општествен договор меѓу граѓаните и државата“.

-Според Сиљановска-Давкова, Уставната комисија, во којашто треба да се вклучат и надворешни уставноправни експерти мора континуирано, по примерот на другите парламенти, да го следи спроведувањето на уставот, детектирајќи ги слабостите на уставноправниот систем и предлагајќи соодветни решенија, како и подготвувајќи нов дел како уставна материја за односот меѓу македонското и европското право, се наведува во соопштението. 

Претставниците на Македонското здружение на млади правници укажаа на потребата од негување на уставниот патриотизам, водени од важноста на едукацијата за Уставот како темел на правниот поредок, гарант на човековите права и слободи и основа за функционирање на демократските институции.

-За нив, Собранието во процесот на уставните измени мора да ја почитува  процедурата, не заборавајќи дека суверенитетот извира и им припаѓа на граѓаните.  Тоа мора да биде отворено за експертите во текот на работата, а преферирајќи инклузивни постапки на одлучување, информира претседателскиот Кабинет за средбата, која е  дел од серијата разговори што ги иницираа младите правници со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот.