Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со алумни на Харвард: Разговарале за глобалните кризи, демократијата и младите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група алумни на Универзитетот Харвард, кои престојуваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група алумни на Универзитетот Харвард, кои престојуваат во земјава во рамки на студиско патување низ Балканот. Во разговорот, гостите ја запознале претседателката со досегашните посети во регионот и со престојот во земјава, во чии рамки се запознале со културно-историски знаменитости и со современите општествени текови.

Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, го поздравила нивниот интерес за македонското минато и сегашност, како и за нејзиното професорско и политичко мислење за горливите прашања, истакнувајќи дека ваквите посети се драгоцена можност за размена на знаења и искуства, проверка на сопствените ставови и учење едни од други.

Таа ги презентирала своите видувања за светската безбедносна, економска, енергетска, но и етичка и морална криза, со посебен акцент на европската, укажувајќи на реалната опасност од продлабочување на внатрешните поделби по различни основи, но и на регионалните и меѓународните судири  заради растечката мултиполарност, но и засилените авторитарни и олигархиски тенденции дури и во држави со вековна демократска традиција, забрзаната милитаризација и маргинализација на меѓународните организации, како ООН, формирани во духот на мултилатерализмот.

Реклама

Одговарајќи на прашањата на гостите за причините за насилните протести во многу држави, Сиљановска-Давкова укажала на загрозеноста на социјалниот карактер на многу држави во амбиент на растечката криза, на продлабочувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните, на очигледното зголемување на апатијата, безнадежноста и насилството, особено меѓу младите.

Потенцирајќи го значењето на меѓународните контакти и соработка, претседателката го посочила образовниот, научниот и професионалниот капацитет на македонската дијаспора, како недоволно искористен развоен потенцијал. 

Како универзитетска професорка, таа ја истакнала вредноста на академскиот дијалог во проширувањето и тестирањето на знаењето, откривањето и дијагностицирањето на состојбите, како и во надминувањето на проблемите.