Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

МЕРМС: Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб, договорена соработка за геотермална енергија

Во рамки на меѓународната конференција DIM-ESEE 2026 – Развој и иновации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на меѓународната конференција DIM-ESEE 2026 – Развој и иновации во искористувањето на минералните ресурси во Источна и Југоисточна Европа, која се одржа од 21 до 23 октомври 2026 година во Загреб, Република Хрватска, државниот советник за рударство во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Филип Петровски, учествуваше како презентер и панелист, претставувајќи ги стратешките приоритети и реформските активности на Министерството во областа на геологијата и рударството.

Во рамки на тематската сесија посветена на националните стратегии за управување со минералните ресурси, Петровски ја презентираше Стратегијата за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини на Република Северна Македонија за периодот 2026–2046 година. Презентацијата беше посветена на минералниот потенцијал на државата, долгорочните развојни цели, модернизацијата и дигитализацијата на геолошките податоци, подобрувањето на инвестициската клима и одржливото управување со минералните ресурси, со примена на современи технологии и високи стандарди за заштита на животната средина.

Петровски учествуваше и на панел-дискусијата „Геополитичкото и геоекономското значење на Југоисточна Европа – можности и пречки“, на која се дискутираше за геостратешкото значење на минералните ресурси, регионалната соработка и улогата на Југоисточна Европа во обезбедувањето критични минерални суровини за потребите на европската енергетска и индустриска транзиција.

Реклама

Меѓу позначајните резултати од учеството на конференцијата е воспоставувањето основа за институционална соработка во областа на геотермалните ресурси. На билатералната средба со деканот на Рударско-геолошко-нафтениот факултет при Универзитетот во Загреб, проф. д-р Боривоје Пашиќ, беше постигнат договор за воспоставување соработка и заедничка подготовка на проектна апликација во рамки на европската програма „Хоризонт Европа“, насочена кон истражување и развој на геотермалните ресурси.

Во текот на конференцијата беа остварени и повеќе работни средби со претставници на државни институции, универзитети, геолошки служби и компании од регионот и Европа. Разменетите искуства и добри практики, особено во делот на законодавството и управувањето со минералните ресурси, се значајни и за тековните активности на Министерството за подготовка на новиот Закон за рударство и новиот Закон за геологија,

во насока на усогласување со европските стандарди и обезбедување одржлив развој на секторот.

Учеството на DIM-ESEE 2026 претставува дел од континуираните активности на Министерството за јакнење на меѓународната соработка, промоција на националниот минерален потенцијал и воспоставување нови партнерства, во функција на реализација на стратешките цели за модерен, конкурентен и одржлив рударски сектор.