Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Ракот на дојка се открива и кај помлади жени, лекарите препорачуваат редовни контроли

Ракот на дојка сè почесто се дијагностицира и кај жени помлади од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ракот на дојка сè почесто се дијагностицира и кај жени помлади од 40 години, поради што лекарите ја нагласуваат важноста на редовните контроли и раното откривање на болеста. Во Општата болница во Куманово, во кабинетот за дојка и мамографија, секој работен ден се вршат мамографски и ултразвучни прегледи, а според доктор Изаир Биљали, навремената дијагностика е клучна за успешно лекување.

Биљали препорачува жените да започнат со контроли од 35-годишна возраст, особено доколку имаат генетска предиспозиција или семејна историја на заболувања на дојката. Динамиката на следење се одредува индивидуално, во зависност од возраста, наодите и присутните ризик-фактори.

Кабинетот во кумановската болница располага со мамограф и современ ултразвучен апарат за дојка. Во рамките на програмата „Мој термин“ секој работен ден се предвидени по осум пациенти за мамографски и ултразвучни прегледи, а се примаат и пациенти на кои им е потребна итна дијагностика.

Реклама

– И во Куманово оваа проблематика е доста зачестена. Се среќаваме со бенигни заболувања на дојките, но и со нови случаи на карцином. Во зависност од возраста и наодот од ултразвучниот и мамографскиот преглед, одредуваме како понатаму ќе го следиме пациентот и каков третман е потребен – вели Биљали.

Како еден од најважните фактори за ризик за појава на канцер на дојка е генетската предиспозиција, односно позитивната семејна анамнеза. Пациентите се следат според индивидуалниот ризик, претходните заболувања и наодите од прегледите. Во последните години, забележува Биљали, карциномот се дијагностицира и кај жени помлади од 40 години.

– Порано контролите главно се поврзуваа со возраста над 40 години, но денес се среќаваме и со помлади пациентки. Затоа препорачуваме и жените од 35-годишна возраст да започнат со редовни контроли, особено ако имаат фактори на ризик. Понатамошното следење зависи од наодот и од процената на лекарот – посочува Биљали.

Тој нагласува дека самопрегледот на дојките е важен дел од превенцијата и раното препознавање на промените. Самопрегледот треба да се направи една недела по завршување на циклусот, тогаш како што објанува докторот телото веќе се смирува од хормоните поврзани со месчениот циклус. Најчест знак на кој треба да се обрне внимание е појавата на грутка, која може да биде и безболна. Други промени се вовлекување на брадавицата и промени на кожата на дојката, кои бараат лекарска процена.

– Пациентите понекогаш не обрнуваат доволно внимание на грутките затоа што не се болни. Но, отсуството на болка не значи дека промената е безопасна. При забележување каква било промена, треба веднаш да се обратат кај матичниот лекар, кој ќе ги упати на соодветни испитувања – вели Биљали.

Раното откривање е клучно за навремено започнување на дијагностичките постапки и лекувањето. По прегледите, зависно од наодот, може да бидат потребни дополнителни испитувања, биопсија и хируршки третман, а кај дел од пациентките и други форми на онколошко лекување. За жените со уреден наод и без дополнителни ризик-фактори, интервалот за контролите се одредува според возраста и лекарските препораки. Кај пациентките кај кои се забележани промени, ултразвучните контроли може да се закажат на три или шест месеци, или во друг период што ќе го одреди лекарот. Биљали појаснува дека мамографијата се изведува со современа технологија со намалена доза на зрачење, поради што стравот од прегледот не треба да биде причина за негово избегнување. 

-Раното откривање и редовните контроли се особено важни бидејќи карциномот на дојка во почетните фази може да не предизвикува болка или други изразени симптоми. Затоа,  жените да не ги одложуваат прегледите и да побараат стручна помош при секоја нова или невообичаена промена – порача докторот кој има долгогодишно искуство во оваа дејност.