Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

ЗНАМ: Конкретни резултати во здравството – обновени објекти, нова опрема и повторно функционална дежурна служба во Ново Село

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува да ја претвора програмата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува да ја претвора програмата во конкретни резултати за граѓаните.

Кирил Манчев, директор на ЈЗУ Здравствен дом Струмица, денеска го презентираше отчетот за досегашното работење, со акцент на унапредувањето на здравствените услуги, подобрувањето на условите за работа и зајакнувањето на капацитетите на установата.

Во согласност со програмските определби на Движењето ЗНАМ, работата е насочена кон подобри услови, современа медицинска опрема, соодветен
кадар и континуирана едукација на здравствените работници.

Реклама

Меѓу најзначајните резултати се реконструкцијата на два објекта во Ново Село, Центарот за ментално здравје и влезот во објектот на Старата болница во Струмица, обновувањето на системите за греење и хидрантската мрежа, како и набавката на нова медицинска опрема.

Особено значаен резултат е повторното ставање во функција на дежурната служба во општина Ново Село, по повеќе од седум години нефункционалност,
со што се унапредува достапноста на здравствената заштита за локалното население.

Паралелно, се инвестира во човечкиот капитал преку стручни и меѓународни обуки, вклучително и соработката со Европскиот ресусцитациски совет.

Дополнително, преку проектот „HART SAFE CBA“, вреден над 600.000 евра и поддржан од Европската Унија, се предвидува набавка на четири современи
санитетски возила со целосна опрема за општините Гевгелија, Валандово, Струмица и Радовиш.

Проектот опфаќа и обуки на здравствени работници за примена на современи методи во итната медицинска помош.

Здравствениот дом Струмица обезбедува примарна здравствена заштита за повеќе од 100.000 жители во 72 населени места, што ја потврдува важноста
на вложувањата во неговото функционирање и развој.

Од Движење ЗНАМ порачуваме дека одговорното управување значи работа на терен, конкретни резултати и отчет пред граѓаните. Преземената функција не е привилегија, туку обврска да се исполнуваат ветувањата и да се работи во интерес на јавниот интерес.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува посветено на политиката на одговорност, домаќинско работење и мерливи резултати, со цел граѓаните
да добијат поквалитетни, подостапни и посигурни здравствени услуги.

Две години работа.
Две години резултати.
Една љубов, Македонија! 🇲🇰