Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Помина една година, а во општина Зрновци го нема комплексот со ролер парк и алпинистички ѕид, нема ни потпорен ѕид и пешачка патека на река Зрновка

Речиси една година откако Ванчо Митев ја презеде функцијата градоначалник на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси една година откако Ванчо Митев ја презеде функцијата градоначалник на Општина Зрновци, граѓаните се уште чекаат конкретни решенија за проблемите со водоснабдувањето, инфраструктурата, спортот и културата. Водата за пиење и понатаму е сериозен проблем, наместо конкретни решенија за подобрување на квалитетот на водата, во изминатите два месеца беа објавени два негативни извештаи од Центарот за јавно здравје, со кои беше посочена забрана за користење на водата за пиење, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Никаде ги нема ни ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација, како што се оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на реката или, пак, стационарот за кучиња.

Додека за поголемите инфраструктурни проекти кои беа ветени за време на изборната кампања ништо не е чепнато да се работи, за нив не се изготвени ниту идејни решенија, а дополнително загрижува и состојбата со постојната инфраструктура, која наместо да се одржува и унапредува, на повеќе места е оставена да пропаѓа.

Реклама

Во областа на спортот, наместо развој, сведочиме на загрижувачки состојби. Фудбалскиот клуб згасна, фудбалското игралиште, кое во претходните години беше реновирано и повторно ставено во функција, е запуштено, додека бројот на турнирите во мал фудбал е намален од три на еден годишно, а од друга страна, се уште не се реализирани ветените проекти за младите, како комплексот со ролер парк и алпинистички ѕид.

Ветената „културна револуција“ остана само празно ветување, наместо најавуваните концерти, театарски настапи и богата културна програма, граѓаните досега не добија никакво културно раздвижување на општината.

Затоа, јавно го повикуваме Ванчо Митев од СДСM да одговори пред граѓаните до кога мисли да седи во градоначалничката фотелја и да не реализира ниту еден проект кој им го ветил на граѓаните?

Граѓаните на Општина Зрновци заслужуваат одговорна, посветена и транспарентна локална власт, граѓаните не гласаа за празни ветувања, туку за конкретни проекти, подобри услови за живот и развој на општината.