Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Секоја приказна имала две страни, ама само страната на центрите за социјална работа е вистина

Секоја приказна имала две страни, ама само страната на Центрите за социјлна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја приказна имала две страни, ама само страната на Центрите за социјлна работа е вистинита.

Сведочењата на жртвите на семејно насилство пред камерата на Тв Алфа не се доволен доказ за министерката за труд и социјална политика да провери дали некој е подлежен на фаќање врски.

– Тој фати врски и успеаа да ме присилат. Ја повлеков таа пријаваи му јавија веднаш. Се сеќавам јас се вратив дома после таа посета на социјалното. Тој ме чекаше со насмевка на лицето и почна да се потсмева „Ах сега ти си веќе несериозна. Чекај ќе ти удрам пак шамар па оди пак пријави ме  да видам дали ќе те викнат овој пат. Дали ќе те сослушаат“, се присетува Љупка Мачкова.

Реклама

Ова сведочење не е доволен доказ за министерката за труд и социјлна политика, Јована Тренчевска. Според неа секој можел сешто да каже преку медиумите.

Но вие имате две страни. Какво и решение да се донесе, едната страна ќе биде незадовона и најлесно е сега преку медиумите да окривиме некого дека некој не работи професионално. Затоа ако имаме докази, дајте ги доказите, доставете ги лично ќе ги провериме предметите и ќе постапи соодветно на доказите, вели Тренчевска.

А какви докази треба да обезбедат, прашуваат  жртвите? Да снимаат со телефон додека ги тепаат, им се закануваат и им кажуваат дека фатиле врски? Жртвите сведочеа и дека и оние докази кои ги доставувале до центрите, мегично исчезнувале.

-Од страната на центарот не ме сослушуваа, многу од жалбите што ги поднесував, многу од поплаките и што и да поднесев како докази го немаа во досието, појасни Сунчица Ќоќороска.

Според Тренчевска целта на зголемувањето на платите во центрите за социјална работа било токму во насока да се зголеми професионализмот, продуктивноста и вработените да работат врз основа на закони а не врз основа на убедувања.

Непостапувањето во слуачи на семејно насилство, лани доведе до три фемициди во само еден месец . А македонската јавност се уште е во шок по громзоморното чедоморство, кога татко си ја уби на 2-годишната ќерка. 

Анастасија Илиевска