Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Седумдесет години постоење одбележа Земјоделско – шумарското училиште во Кавадарци

Седумдесет години постоење одбележа денеска Земјоделско – шумарското училиште „Ѓорче Петров“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седумдесет години постоење одбележа денеска Земјоделско – шумарското училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. На свечената седница по повод јубилејот, присуствуваа многубројни гости, меѓу кои и соработници од училишта партнери од странство со кои се соработува. Училиштето се претстави со изложба на уметнички инсталации изработени од природни материјали, семиња и билки.

– Изложбата нуди можност за дружење, разговор и уживање во креативни дела што ја слават врската помеѓу човекот и природата, беше подвлечено на настанот.

Директорката Ратка Росомански, говореше за досегашните успеси на ова училиште и за идните зацртани активности, натамошен развој на оваа средношколска воспитно – образовна установа.

Реклама

– Нашите ученици биле и се двигатели на развојот на Кавадарци и на нашата држава. Младите учат не само за земјоделство и шумарство, туку и за здравиот живот, спортот и грижата за жиботната средина, истакна таа.

Претседателот на Совет на Општина, Стојанче Рамов нагласи дека ова училиште има дадено голем придонес за кавадаречката општина и пошироко, потсетувајќи дека овде сега се изучуваат и фармацевтска и медицинска струка.

За успешната работа во областа на образованието, им беа доделени јубилејни награди на вработените во оваа просветна институција, кои, како што беше посочено, со својата работа го унапредија воспитно-образовниот процес. Наградите ги додели претседателот на училишниот одбор, професорот Блаже Ѓорчев.

– Седумдесет години се само почеток. Нашето училиште ќе продолжи да расте, да создава идни лидери, уметници, научници и хуманисти, врз темелите и високите стандарди што ги поставија многу посветени луѓе, беше кажано на свечената седница.

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма.