Реклама
Македонија

Седум кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Кисела Вода

.Седум кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Општина Кисела Вода.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

.Седум кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Општина Кисела Вода. Жителите бараат личност која ќе биде достапна и ќе ги решава проблемите. Заложби за современа, зелена и уредена општина. Кандидатите, со различна визија и различни ветувања.

Кандидатот на СДСМ ветува бесплатен превоз за пензионери и самохрани родители. Ревизија на урбанистичките планови, решавање на проблемот со паркинг, нови вработувања, мали бизниси и поддршка за зелени иновации.

Ќе има канализација, водовод и осветлување во секое маало. Парковите ќе ги обновиме, запуштените скверови ќе ги раззелениме, а јавниот превоз за пензионери и самохрани родители ќе биде бесплатен. Програмата предвидува ревизија на урбанистичките планови, монтажни и подземни гаражи, реконструкција на улици и мостови, како и решенија за паркирање и водоснабдување. Секое маало ќе добие функционална инфраструктура, не само елитните делови. Во економијата планира 1.000 нови вработувања, 100 мали бизниси, бизнис-инкубатор, реквалификации и поддршка за зелени иновации, рече Горан Трајковски, кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од СДСМ.

Реклама

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека мора да се има хуман третман кон сите граѓани. Најави изградба на градинки, културни установи. Ќе се фокусира и на чиста животна средина и максимално пошумување.

Подземна и надземна инфраструктура. Локален економски развој. Училишта и градинки. Да ги продолжиме добрите практики во минатото за да можеме да продолжиме. Социјална компонента, социјален живот. До сега се правеа улици, канализации, довод, одвод, зошто тоа го немаше. Тоа беше приоритет. И да се одржува, но да ги надоградуваме другите работи кога дтанува збор за добро живеење. Дигиталзацијата на биде на високо ниво да се надоградува, вели кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајковска.

Здрава животна средина и добри сообраќајни решенија – едукација на младите, спорт, култура – најави кандидатот на Левица, Јане Ацевски.

Акцент на здрава животна средина, добри сообраќајни решенија. Добро организиран живот со спорт, култура, едукација на младите, да ги привлече сите да останат да живеат тука, вели Ацевски.

Во оваа трка има и двајца независни кандидати – нивните ветувања се однесуваат на современа и чиста општина, поддршка за младите и семејствата, стерилизација на бездомните кучиња и силна кампања за вдомување.

Моите три приоритети се базираат на безбедна, зелена и едуцирана општина. Бездомните кучиња ќе ги стерилизираме и ќе направиме силна кампања за вдоумување. Зелена општина, нови паркови и канти за отпадоци. Ова е наша шанса за чист воздух и здрава животна средина, вели Марко Ташков, независен кандидат.

Мојата визија за Општина Кисела вода е современа, чиста и хумана општина – место во кое гласот на граѓаните се слуша а нивните потреби се земаат предвид. Отворени и достапни институции кои работат транспарентно и одговорно. Приоритет ми е уредена чиста и здрава средина, со повеќе зелени површини и вистинска поддршка за младите и семејствата. Со организирана работа, Кисела Вода може да биде поорганизирана и посреќна општина, вели Кети Сталеска, независна кандидатка.

Кандидатите од Твоја Партија и коалицијата „Искуство за успех“ приоритети се модерната инфраструктура, безбедноста и транспарентноста на општината.

Моите приоритети се јасни. Чист воздух и безбедност. Ќе го исчистиме линданот.Борба против загадувањето. Модерна инфраструктура која ќе одгвората на потребите на граѓаните. Потполна транспарентност. Се ќе биде јавно, и седниците и донесените акти, вели Марко Салџиевски – кандидат за градоначалник на Кисела Вода од Твоја партија.

Нови паркови и подобрување на постоечките, нови градинки, училишта и јавни зелени површини за рекреација на граѓаните, особено во густо населените делови. Унапредување на јавната безбедност со систем од камери, паметно улично осветлување и воведување на Smart City – платформа за „паметен град“, вели Оливер Поповски –  кандидат за градоначалник на Кисела Вода од Искуство за успех.

Граѓаните ќе ја имаат последната одлука – кој кандидат најмногу ја заслужува нивната доверба.