Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пред членовите на Комисијата се предлог-одлуката за одржување јавна расправа по работната верзија на предлог-законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите, годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2024 година и годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 за период 1.1.2024 – 31.12.2024 година.
