Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Седница на Економско-социјалниот совет

Во Владата денеска (11:00) ќе заседава Економско социјалниот совет, во присуство на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Владата денеска (11:00) ќе заседава Економско социјалниот совет, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. На седница се очекува да стане збор за минималната плата, пресметката на потрошувачката кошничка, почитувањето и потребата од унапредување на колективните договори во јавниот и приватниот сектор, исплатата на додатоците од плата и останатата регулатива од областа. 

За износот на минималната плата претставници на Владата во неколку наврати порачаа дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, додека бизнис секторот се надева дека ќе има олеснувања во делот на придонесите за сметка на зголемувањето на минималната плата. 

 Собранието со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“ денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, кои треба да овозможат нејзино покачување од сегашните 15.200 де

Како што изјави минатата недела заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, Владата ќе го почитува секое решение донесено со конзензус меѓу работодавачите и синдикатите, а се додека нема договор ќе важи Законот за минимална плата односно зголемувањето ќе биде според добро познатата формула. 

Реклама

Од Бизнис конфедерацијата велат дека секогаш постои можност и оти секогаш е потребно платата да се зголемува, но дека тоа треба да го прават оние кои реално го можат. Се надеваат дека ќе биде прифатен нивниот предлог – да има зголемување на платата, но придонесите да останат на истото ниво како досега.

Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјасниле дека минималната плата треба да биде 600 евра. 

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, пак,  очекуваат на ЕСС да се разговара и за прашањата поврзани со додатоците на плата во јавниот сектор, кои велат,  со години останаа на исто ниво.

До денеска, според најавите од Министерството за економија, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерст

Според најавата од заменик-министерот Ристевски, на денешната седница на Економско-социјалниот совет ќе стане збор и за пресметката на просечната потрошувачка кошница што планира да ја прави Владата од 1  јануари, покрај таа што ја пресметува ССМ.

– Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард, изјави Ристески.

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува ССМ за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.