Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, во второ читање денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
На дневен ред на оваа седница се и два други закони во прво читање и тоа измени и дополнувања на Законот за Фондот за осигурување на депозити и Предлог на Закон за семејна и станбена поддршка.
Седница ќе одржи и Комисијата за одбрана и безбедност а на дневен ред е Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија, во прво читање.

