Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Свет

Се засилува војната на Блискиот Исток

Четвртиот ден од војната на Блискиот исток донесе и кинеска поддршка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четвртиот ден од војната на Блискиот исток донесе и кинеска поддршка на Техеран. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, го охрабри иранскиот колега Абас  Арагчи да опстои во одбарана на земјата.

Во меѓувреме, израелски ракети го погодија претседателскиот кабинет во Иран, а израелските војници влегоа во јужен Либан во пресметка против Хезболах. Од друга страна иранските беспилотни летала ја погодија американската амбасада во Ријад. Техеран продолжи со силни одмазднички напади врз Заливот и Израел, а и официјално го затворија ормутскиот теснец,  заканувајќи се дека „секој брод што ќе се најде таму ќе биде запален“.

Америка и Израел ја погодија иранската подземна нуклеарна централа во Натанц со ракетен напад.

Реклама

Американскиот државен секретар Марко Рубио, порача дека целта е да се уништи иранската морнарица, системите за балистички ракети и производство на дронови.

„Во моментов, не сме подготвени за копнени сили, но очигледно претседателот ги има тие опции. Во моментов, нашиот фокус е на уништување на нивните лансери за балистички ракети, нивните залихи на балистички ракети и нивниот капацитет за производство на балиситчки ракети како и нивните еднонасочни дронови за привлекување и нивната морнарица поради заканата што ја претставуваат за глобалниот превоз“, изјави Државниот секретар на САД Марко Рубио.

Франција и Германија ги засилуваат своите единици на Блискиот исток, а Грција веќе испрати дополнителна поддршка на Кипар. Германија оцени дека Иран не е закана само за Израел и регионот, туку и за Европа и Германија.

Иранското министерство за надворешни работи ги предупреди европските земји да не учествуваат во американско-израелската кампања против Исламската Република.

„Секој таков чин против Иран би се сметал за соучесништво со агресорите. Тоа би се сметало за чин на војна против Иран“, изјави Есмаил Бакаи, портпарол на министерството за надворешни работи на Иран.

Америка им нареди на владините службеници и нивните семејства да ги напуштат дипломатските претставништва во Катар, Кувајт, Бахреин, Ирак и Јордан.