Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Се заловуваа кучиња скитници во Делчево

Во Делчево денес беше спроведена акција за заловување кучиња скитници на неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево денес беше спроведена акција за заловување кучиња скитници на неколку претходно евидентирани критични точки низ градот. Акцијата ја реализираше „Ветеринарна станица“ – Виница, ангажирана од Општина Делчево согласно договор за вршење на оваа услуга.

Во текот на акцијата се заловени кучиња, идентификувани по претходни пријави од граѓани или по увид на општинските служби на терен.

Од Општина Делчево информираат дека ваквите интервенции се редовна практика со цел унапредување на јавната безбедност и обезбедување хуман третман на кучињата скитници. 

Реклама

Локалната самоуправа посочува дека зголеменото присуство на кучиња скитници во урбаните делови создава загриженост кај граѓаните и претставува потенцијален ризик, поради што се планира зачестување на акциите за нивно заловување.

Од општината уверуваат дека сите постапки се спроведуваат согласно законските прописи и со целосно почитување на стандардите за хуман третман на животните.