Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

Се уште нема потврда за средба на Сиљановска – Давкова со Радев во Хаг

Се уште се чека одговор од Бугарија дали ќе има официјална средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште се чека одговор од Бугарија дали ќе има официјална средба помеѓу македонската претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Бугарија Румен Радев на самитот на НАТО. Овој настан ќе се одржи на 24 и 25 јуни во холандскиот град Хаг.Од македонската страна се децидни дека иницијативата за средба помеѓу двајцата колеги – претседатели да седнат на иста маса е прифатена, со образолжение дека треба да има меѓусебен дијалог помеѓу двете држави

И додека се чека потврда дали Радев и Сиљановска Давкова ќе се сретнат во време кога во Европскиот парламент ќе се гласа за извештајот за Макеоднија од Томас Вајц во кој недвосмислено се потврдени македонскиот јазик и идентитет, заканите и притисоците од Софија упатени кон известувачот не претсануваат.

Тој обвинува дека бил жртва на закани, клеветнички кампањи и објавување на неговиот личен телефон на екстремно десничарски профили – објави бриселскиот медиум “Политико”. Според Вајц, овие закани доаѓаат затоа што одбил да се повикнува на притисокот од Софија околу извештајот за напредокот на Македонија. А за тој извештај беа поднесени четири амандамни со кои се нагласува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Реклама

За мене стандардна практика е да се среќавам со претставници од земјата кандидат за која се пишува извештајот (Македонија), а не политичари од соседите (Бугарија). Цел сум на нападите затоа што не попуштив на бугарскиот притисок, изјавил Вајц.

По силниот притисок на Бугарија, која повторно го злупотреби фактот дека е земја членка на Европската Унија, одложена е расправата во Европскиот Парламент по резолуцијата за Македонија. Гласањето е презакажано за 24 јуни. Главниот известувач за државава Томас Вајц и покрај тоа штио цврсто стои зад ставовите од извештајот во кој се цементираат македонскиот јазик и идентитет, им даде 20 дена рок на Бугарите да ги кажат своите забелешки.

Извештајот на Вајц е доказ дека и во рамките на Европската Унија веќе има различни гледишта и дека се прифаќаат македонските агрументи дека тоа што го бара Бугарија е неосновано и непримерно. Тоа се должи на дипломатската офанзива на македонската Влада која од доаѓањето на власт јасно ги пренесува цврстите позиции дека државата не може и не смее да поткелкне под бугарските уцени.

Македонската влада го поздрави фактот што во нацрт-верзијата во извештајот првпат се споменува „посебен македонски идентитет и јазик“, но предупреди дека постојат сериозни обиди од некои европратеници да го релативизираат тој поим преку додавање на зборот „сегашен“.