Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Сè уште гори во „Дрисла“ – пожарот ќе се затрупува оти не се гасне со вода

Со водени топови и затрупување со земја на критичните места, пожарот кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со водени топови и затрупување со земја на критичните места, пожарот кој два дена гореше во депонијата Дрисла, делумно е ставен под контрола. Пожарникарите повеќе од 24 часа водеа битка со огените стихии, а откако гаснењето со вода не ги дало потребните резултати, почнале со затрупување на местата каде имало постојано чадење. Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов објасни дека проблемот со Дрисла сега е во нивни раце, откако државата вчера прогласи кризна состојба на целата територија поради пожарите, а додаде и дека постојат сериозни сомнежи дека пожарот во Дрисла е намерно предизвикан.

Денес Управувачкиот комитет за управување со кризи и предложи на Владата да донесе одлука за забрана за движење во депонијата Вардариште. Оваа депонија ќе биде обележена и движењето низ неа ќе биде казниво. Така ќе спречиме злонамерници да се движат во оваа депонија, истата ќе биде внимателно обезбедена и ќе спречиме намерно но и ненамерно нејзино потпалување“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој веќе еднаш ја посети депинијата Вардариште минатата недела, објасни дека веќе имале координација повеќе институции и во наредниот период се очекува целосно надминување и решавање на проблемот со пожарите во депниите.

Реклама

„Мислам дека бевте сите сведоци пред 10 дена заедно со надлежните институции имавме сериозна активност на потегот во депонијата Вардариште, која е под надлежност на Град Скопје. Таму имаше диви отпади отворени. Надлежните веќе процесуираа кривични пријави, дел од лицата завршија во притвор“, изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

И за премиерот Мицкоски постојат сериозни индиции дека пожарот во депонијата Дрисла е подметнат. Владата ќе се заложи за целосно решавање на отпадот и дека Дрисла за брзо ќе личи на модерна европска депонија, а истото ќе се случи и со Вардариште.

„Оваа Влада за првпат апси, тие кои што нелегално топат кабли за да произведуваат бакар, за да го продаваат после, првпат оваа Влада реши да влезе во костец на решавање на проблемот, да го гасне, еве денес имаа координативен состанок и ќе го решиме тоа и добро е што граѓаните имаат очекувања од оваа Влада, затоа што од претходните видовме како поминало со децении“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во насока на зачувувањето на здравјето на Скопјани, премиерот истакна и дека засега од Владата нема препораки бидејќи нема зголеми параметри кои би биле алармантни.