Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Се уредуваат над 50 паркинг места кај штипската спортска сала „Јордан Мијалков“

Во дворот на спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип почна уредувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во дворот на спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип почна уредувањето на над 50 нови паркинг места. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека проектот се реализира за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на населбата Сењак. Градежната механизација денеска  работеше на рамнење и подготовка на просторот, а утре ќе се пристапи кон негово асфалтирање. Целта е да се овозможат повеќе паркинг места на локација каде се одржуваат големи спортски настани во Штип. Вредноста на овој проект кој е на барање на граѓаните изнесува еден милион денари.

-Овде се задоволува конечно потребата за паркинг простор и паркирање кога има спортски настани. По реакција на жители, по реакција на граѓани, заради тоа што сообраќајницата која поминува веднаш до спортскиот објект е доведена до безбедносен ризик во сообраќајот при паркирање на возила, кога се одржуваат спортски манифестации потребата е повеќе од евидентна. Затоа одлучивме еден паркинг простор во рамки на самата парцела, која е за некаде за повеќе од 50 возила-изјави Јорданов. 

Тој додаде дека се работи на реализација на уште неколку инфраструктурни проекти во населбата Сењак. На изградба на паркинг места се работи и во централното градско подрачје, предвидени се три катни гаражи и паркинг платформи на реката Отиња.