Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Се уредува рекреативната патека „Подмел“ долж кејот на реката Радика, кај село Долно Косоврасти

– Со залагање на раководството на месната заедница и финансиска и матерјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со залагање на раководството на месната заедница и финансиска и матерјална донација, се уредува рекреативната патека „Подмел“ долж кејот на реката Радика, кај селото Долно Косоврасти.

-Овој значаен зафат го поддржа Ерхан Махмуд, кој несебично донираше 1.500 евра и директно придонесе овој проект да се реализира. Неговата поддршка претставува вистински пример како поединец може да направи значаен придонес и добро дело за заедницата. Со подготвеност и во иднина повторно да помогне, информираа од месната заедница.

Исто така во оваа фаза се вградени околу 80 метри кубни тампон, а приближно 3/4 од патеката е уредена со дробен асфалт.

Реклама

-Тампонот (дробен асфалт) е целосна дониран од Артан Дука, кој согласно своите можности, секогаш излегува во пресрет на барањата и потребите на Месна заедница Долно Косоврасти. Изведувач на работите е „Минти Транс“, со професионална изведба и изразена поддршка кон проектот преку поволни услови, нагласуваат од месната заедница, изразувајќи голема благодарност до сите што дале придонес.

Патеката, во должина од околу еден километар, е наменета за пешачење, велосипедизам и рекреација покрај познатата река Радика, каде време минуваат и спортски риболовци од многу градови во државава.

-Апелираме до сите граѓани да ја користат, да ја чуваат и заедно да продолжиме да ја унапредуваме нашата околина, апелираат од Месната заедница Долно Косоврасти. 

Хортикултурно е уреден и просторот покрај новоизградениот пат од Косоврашки Мост кон селото, каде се засадени  зимзелени украсни дрвца, со што влезот во  селото доби поубав изглед за жителите и сите намерни или случајни посетители.

Селото е на оддалеченост од околу пет километри од Дебар, на левата страна од регионалот пат кон Маврово, а на негова територија се познатите по својата лековитост бањски локалитети, кои ги посетуваат не само домашни туку и странски туристи.